Купив куче за мојата свекрва да не доаѓа кај нас…

Купив куче за да не ни доаѓа мајката на мојот сопруг бидејќи има фобија од нив и мрази кучиња. Зошто мислам дека ја претера идеше секој ден и остануваше додека да се стемни во нашиот дом

И му кажав на маж ми дека заборавив на нејзината фобија и дека тоа го направив за доброто на децата.

Децата се пресреќни и веќе се приврзаа за кучето а мажот ќе им изгледа како чудовиште во очи ако го исфрли од дома, па е беспомошен затоа што секогаш сака да им угодува на децата.

Работотата е средена и мајка му веќе не доаѓа кај нас“. Што мислите дали постапив правилно?