Купил напуштен магацин за 500 долари, а внатре биле пронајдени 7,5 милиони готовина

Аукционер од популарната емисија „Warehouse Wars“ откри како за 500 долари продал магацин во кој биле скриени 7,5 милиони долари во готовина.




Ден Дотсон и неговата сопруга Лора изјавија за „Бласт“ дека на една од аукциите минатата недела им пришла непозната жена и им кажала за пронајдокот од повеќе милиони долари.




„Таа дојде кај мене и рече дека нејзиниот сопруг работи со еден дечко кој купил магацин за 500 долари и нашол сеф внатре“, рече Дотсон. Таа додаде дека новиот сопственик на магацинот, кој не е идентификуван, го однел сефот кај бравар кој го отворил и внатре пронашол 7,5 милиони долари.




Работите се искомплицирале кога новиот сопственик бил контактиран од адвокати кои ги застапувале поранешните сопственици и понудиле награда од 600.000 долари во замена за пронајдените пари.




Новиот сопственик ја одбил понудата, но се задоволил со 1,2 милиони долари, додека останатите 6,3 милиони ги вратил.
Колегата на Дотсон, Рене Нежода, сопственик на Thrift Store, рече дека парите најверојатно се поврзани со мафијата или со нарко картел. „Ако најдете такви пари, веројатно има причина да ги нема во банка“, рече тој.