Младиот човек го забележал чудното однесување на девојката во водата, веднаш му било јасно што се случува

Непознат млад човек го забележал чудното однесување на девојка во водата која не можела да излезе поради морската струја. Веднаш му станало јасно што се случува, па отишол да и помогне. Мајката Саманта Вајтинг била на плажата во Калифорнија на краток одмор кон крајот на летото, а со неа била и нејзината 10-годишна ќерка Хејли. На истата плажа бил и Кевин Кози, кој уживал во океанот со својата вереница, не знаејќи дека Бог наскоро ќе го поттикне да му го спаси животот.




Хејли си играла во морето, а кога излегла ја влечела силна струја. Таа не можеше да плива надвор. Хејли се присети: „Не можев да верувам дека тоа ми се случува. Бев преплашенa“. Хејли почнала да ја повикува мајка ѝ да и помогне. Нејзината мајка го направила единственото нешто што може да го направи еден родител во таква ситуација – потрчала да ја спаси ќерка си.




Меѓутоа, струјата била толку силна што почнала да ја влече и мајката. Нивниот престој на плажа ќе беше трагичен да не беше Кевин. Разбрал што се случува и без размислување притрчал да им помогне. Тој беше вистинската личност за потфатот. Тој сподели: „Пливам професионално од својата 3-та година, па мислев дека можам да им помогнам“.




Кевин доплива до мајката и ќерката. „Штом стигнав до мама, и реков да ми ја даде ќерката бидејќи видов дека се мачи, дека не може да ја држи“, рекол Кевин. Штом Кевин стигнал до брегот со Хејли, спасителот скокнал во водата и ја извлекол Саманта. Мајката и ќерката беа безбедни, но и двете знаеја дека Кевин – нивниот ангел чувар – е одговорен за тоа.




Кога конечно беа безбедни, многу луѓе се појавија околу нив, па немаа можност да му се заблагодарат на Кевин. Проблемот беше што го знаеја само неговото име, но не и неговото презиме. Саманта неколку месеци се обидуваше да го најде. Конечно, со помош на социјалните мрежи успеала. Саманта и Хејли сакаа да му се заблагодарат на посебен начин, но не беа сигурни како.




За време на разговорот со Кевин дознале дека тој морал да ја одложи венчавката поради пандемијата, а тоа им дало одлична идеја на мајката и ќерката. Тие отворија страница за донации и споделија што Кевин направил за нив. Тие побараа донации за неговата свадба од соништата и меден месец.




„Да не го ризикуваше несебично својот живот за да не спаси, ќе ја изгубев ќерка ми“, рече Саманта, „Господ знае дека заслужува повеќе од ова“. Нивното барање вроди со плод. Луѓето ширум светот оставија прекрасни пораки заедно со парични донации за Кевин и неговата свршеница.
Некои од коментарите гласат: „Ни требаат повеќе луѓе како Кевин. Бог да го благослови него и неговиот брак“.




„Не секој би се жртвувал за другите, но вие го сторивте тоа и со тоа многу му помогнавте на едно семејство. Добро сторено. Среќно во бракот“. Наскоро мајка и ќерка собраа 58.000 долари за Кевин. Тој бил целосно понизен кога дознал што направиле ќерката и мајката. Неговата работа не била поттикната од желбата за стекнување, туку од добрината и волјата да им помогне на другите.




„Доволно ми беше што девојчето беше спасено. Искрено“, рече Кевин. Во свет полн со омраза, оваа приказна е потсетник дека навистина постојат ангели чувари .