Тој и купил велосипед кога била малечка, а сега решила да го најде

Бидејќи не можела да се сети на името на мажот, мислела дека нејзината потрага била залудна. Меван Бакабар и една нејзина објава на Твитер се одговорни за најубавата приказна што ќе ја прочитате денес.

Во 1990-тите, 29-годишната Меван била во бегалски камп во Холандија, каде што таа и нејзината мајка биле згрижени од волонтери, а еден од нив бил толку дарежлив што на тогаш петгодишниот Меван и купил велосипед.


Решила да го побара на Интернет, а нивната приказна го воодушеви светот.

Таа на објавата прикачи и слика од маж од бегалскиот камп „Знам дека ова е речиси невозможна мисија, но ќе се обидам. Бев бегалец пет години во 1990-тите, а овој човек, кој работеше во бегалски камп во близина на Цволе во Холандија, ми купи велосипед од добрината на своето срце.

Моето петгодишно срце експлодираше од радост. Би сакала да го знам неговото име“, стои во објавата во која прикачила слика од маж што таа и нејзината мајка ја сликале со неколку работи од бегалскиот камп. Бидејќи не можела да се сети на името на мажот, мислела дека нејзината потрага била залудна.

Сепак, по 3000 споделувања и неколку написи во весници, Меван и нејзиниот херој од детството се запознале. Неговото име е Егберт и им помага на бегалците од деведесеттите до денес.


Веднаш се сетил на Меван и нејзината мајка, а од новинарите побарал да не го објавуваат неговото презиме поради приватност. Тој и Меван се запознале во Холандија, каде што се уште живее, а средбата била многу емотивна.

Меван вели дека велосипедот што го добила од Егберт и неговата работа и помогнале да прерасне во личноста што е денес и да се чувствува повторно вредна. „Се сеќавам дека се чувствував толку посебно. Се сеќавам дека мислев дека ова е толку голема работа за примање, дали воопшто сум достоен за оваа голема работа?

Тоа чувство стана основа на моето воспитување“, вели Меван. Егберт одгледува орхидеи во Холандија денес. Тимот на Твитер веќе ја прогласи приказната за Меван и Егберт за најубава приказна.