Однадвор изгледа како обична куќа, но внатре крие нешто што би можело да го реши еден од најголемите проблеми во светот

Се проценува дека во светот има дури 1,2 милијарди луѓе кои немаат пристоен дом. Покрај тоа, се зголемува бројот на бездомници кои талкаат по улиците, молат и копаат по контејнерите за да најдат нешто за јадење.




Една компанија од Тексас дошла до интересна идеја, која е и нивен предлог за решение на овој голем проблем. Компанијата ICON направи помала куќа со 3D печатење, што е повеќе од доволно за сиромашните луѓе на кои им треба нормален и достоинствен живот и после се, нов почеток.




Користејќи ја оваа технологија, тие изградиле куќа (што можете да ја видите на видеото) за 10.000 долари за само 24 часа. Треба да се земе предвид дека ова се само почетоци, компанијата планира да ги намали трошоците на 4 илјади долари, што е многу поволно за американските услови.




Вака сакаат да градат цели населби, а мини куќите би имале дневна, спална, бања и тераса. Производството создава минимално количество отпад, а изградбата исто така би заштедила пари бидејќи огромното мнозинство од работата се врши автоматски од машината, т.е. 3D печатач.




Погледнете како изгледа ваква куќа.