Приказна која крши срца: 18 месеци го чекал сопственикот кој загинал во несреќа…

Лојално куче во Грција неодамна ги стопи срцата на милиони ширум светот, откако беше објавено дека последните 18 месеци ги поминало во светилиште покрај патот каде неговиот сопственик трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Неименуваното бело куче, наречено „грчко Хачико“ по легендарниот Акита Ину кој поминал години на железничка станица во Јапонија чекајќи го својот починат сопственик, наводно живеело покрај патот во близина на грчкиот град Нафпактос во минатото година и пол.

И покрај напорите на неколку локални жители кои сакале да го посвојат, тој секогаш бега и се враќа на местото каде што починал неговиот сопственик.

Трагичната смрт на сопственикот на кучето, 40-годишниот Харис, го потресе регионот на 9 ноември 2017 година, само неколку години откако неговиот брат загина во слична несреќа. Браќата ги загубија животите на неколку километри од нивните домови, но во случајот на Харис приказната стана уште потрагична со оглед на тоа што неговото куче е оставено покрај светилиштето покрај патот, подигнато во негов спомен.

Не се знае дали кучето било во автомобилот за време на несреќата или како стигнало до споменикот кој се наоѓа „среде никаде“, километри одалечен од најблиската населба, но мештаните велат дека таму чекало од кога била несреќата која го одзела животот на нејзиниот сопственик.
Откако се обиделе да го преселат кучето само за да го видат како се враќа во светилиштето покрај патот, луѓето му изградиле импровизирано засолниште и почнале секојдневно да му носат храна и вода.

Деновите, наводно, ги поминува лежејќи на земја и гледајќи во далечината, како да чека да се врати неговиот покоен сопственик и да го однесе дома. Кучето одбива да се движи дури и во топли денови, барајќи засолниште во грмушките во близина на светилиштето.

Оваа случка беше во 2019 година но сеуште кружи по интернетот