Дневен хороскоп за 20 март

Овен Љубов: Импулсивно реагирате кон блиска личност, мора да имате трпение и разбирање за нечии слабости. Работа Дипломатијата понекогаш станува неизбежна, но сакајќи да оспорите нечие мислење, ви недостасува вистинската мерка. Здравје: Потребна ви е психолошка рамнотежа.

Бик Љубов: Треба да ги „помирите“ мислите и чувствата, но и да го зачувате личното достоинство пред личност која добро ве познава. Работа:
Вознемирени сте поради новите деловни настани и делувате збунето. Нема причина да ризикувате. Здравје: Ќе ви годи некоја спортска активност или престој во природа.

Близнаци Љубов: Важно е да се чувствувате удобно со вашата сакана личност. Чувството на доверба или блискост буди некоја скриена сила во вас. Работа:Бидете повнимателни пред личност која ве обврзува на одредени услови или на деловна и финансиска соработка. Здравје:
Ќе ви се допадне полесна исхрана, избегнувајте нездрава храна. Временска прогноза: Топол пролетен ден, од утре дожд

Рак Љубов: Изгледате вознемирено, ве погодува однесувањето на партнерот или изговорите кои тој упорно ги користи. Не верувате во тоа што го слушате. Работа: Недоразбирањето што ве придружува кога се среќавате со колегите наметнува нови прашања за меѓусебната доверба и деловни интереси. Здравје: Ќе ви годи релаксација или престој во природа.

Лав Љубов: Партнерот сака да ви излезе во пресрет, но има погрешна проценка. Зборувајте со повеќе емоции пред блиска личност. Работа:
Бидете воздржани и од негативни коментари, не одговарајте на сличен принцип. Пожелно е да поттикнете позитивна атмосфера. Здравје: Важно е да ги контролирате вашите внатрешни конфликти.

Девица Љубов: Емоционалното задоволство доаѓа од средбата со саканата личност. Изгледате занесно и успевате да привлечете нечие внимание.
Работа: Некој во вас поттикнува креативна љубопитност и желба за ново знаење. Прифатете ја корисната идеја за соработка. Здравје: Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.

Вага Љубов: Покажете добра волја, не можете да очекувате среќен епилог да дојде сам по себе. Ви треба нечие разбирање. Работа: Некој ве наведува да направите погрешен избор и се обидува да го ограничи вашето деловно влијание. Достоинствено прифатете ја моменталната позиција.
Здравје: Избегнувајте стресни ситуации и ривалства.

Скорпија Љубов: Саканата личност понекогаш има големи барања, но вие знаете како да ги исполните. Бидете доволно имагинативни и осмислете забава за двајца. Работа: Ве очекуваат голем број интересни средби. Направете се што е потребно за да го комбинирате убавото и удобното со практичното и корисното. Здравје: Зрачите со позитивна енергија.

Стрелец Љубов: Треба да ги решите вашите емотивни дилеми, пред некој да ве доведе до свршен чин и непријатна ситуација. Работа: Со премногу нагласување пред колегите привлекувате негативни коментари. Ја трошите скапоцената енергија на секундарни ситуации. Здравје: Контролирајте ги вашите внатрешни конфликти.

Јарец Љубов: Имате убаво чувство, на партнерот му делувате неодоливо и знаете да заблескате во полн сјај пред личноста која ви се допаѓа.
Работа: Некој во вас поттикнува креативна енергија и мотивација за работата што ја работите. Треба да ги усогласите заедничките интереси.
Здравје: Во одлична психофизичка форма сте.

Водолија Љубов: Доколку ви е тешко да ги контролирате емоциите и реакцијата пред блиска личност, избегнувајте провокативни ситуации. Работа: Се обидувате да ја одложите деловната ситуација која бара добро расудување и дополнителна концентрација. Важно е да имате убедливи аргументи. Здравје: Ќе уживате во психолошка релаксација или опуштање.

Риби Љубов: Не можете да игнорирате нечие присуство или јасна порака, затоа обрнете внимание на полето на интерес и движење на партнерот.
Работа: Рано е да очекувате конкретни промени во вашето опкружување или да се занимавате со големи инвестиции. Почекајте подобри услови.
Здравје: Ќе ви годи витаминската исхрана, избегнувајте „лоши навики“.