Се разведе, па го избриша сопругот од свадбените фотографии: „Можам да се сетам на тој ден на свој начин“

Што да направите со свадбените фотографии и снимки по разводот? Бришењето на спомените или нивното чување е дилемата на многумина кои решаваат да го прекинат бракот. Најдобро би било секој да се сеќава на тој посебен ден само на убав начин. Една госпоѓа сфатила како да ги зачува токму таквите спомени од еден од најважните настани во животот.

Поранешната мис на Австралија, Оливија Моли Роџерс, направи драстичен потег откако се раздели од сопругот во октомври 2022 година. Оливија во видеото на Тик Ток откри дека го оставила сопругот по само осум месеци брак, пренесува. После тоа, таа решила на радикален чекор и го отстранила поранешниот сопруг Џастин МекКеон од видеото на нивната венчавка, пишува Telegraf.rs .

Двојката беше заедно повеќе од четири години, а врската ја крунисаа со брак во февруари 2022 година. Бидејќи бракот не опстанал, Оливија стапила во контакт со уредникот кој го монтирал видеото од свадбата и побарала тој повторно да ја уреди снимката. „Откако јас и бившиот раскинавме, мојот прекрасен видеограф го монтираше видеото на нашата свадба само со мене, моите пријатели и семејството“, објаснува таа. Толку сум среќна затоа што можам да се сеќавам на овој ден на свој начин – додаде таа.

Нејзиното ново уредување содржи фотографии од неа, снимки од нејзините деверици, семејството и пријателите, како и говорот на нејзиниот татко на денот. На видеото никаде го немаше младоженецот. Набрзо следеа коментари за поддршка на тој потег на мисицата која сакаше денот на нејзината венчавка да остане драг спомен. Ова е одлична идеја и јас самиот сум разведен но ги сакам моите свадбени фотографии и фактот што го имав тој ден со моите најблиски – прочитајте една по ред.

@oliviamollyrogers

Since my ex and I broke up, my lovely videographer did an edit of our wedding video that is just me, my friends and family. I am so grateful that I can remember the day in my own way 🫶🏼

♬ original sound – Olivia Molly Rogers