Таткото и дозволи на ќерката да отвори Инстаграм, не очекуваше што ќе се случи

Таткото конечно и дозволи на својата ќерка да отвори профил на Инстаграм, но никој не очекуваше што ќе се случи. 15-годишната Савана Шо очајно сакала да остане поврзана со своите пријатели. Бидејќи поради пандемијата била затворена во куќата, немала можност да се изразува како порано. Нејзиниот татко Мат конечно и дозволи да отвори профил на Инстаграм. Така би можела барем да остане во контакт со своите пријатели.




Савана пее во детски хор, но сите нивни проби се откажани. Таа решила да го искористи слободното време снимајќи се како пее – а татко и седнал до неа и почнал да пее дует со неа. Савана го објави клипот на Инстаграм мислејќи дека членовите на хорот ќе уживаат во музика. Но, таа немаше поим колку тоа видео ќе има влијание врз толку многу луѓе.




Видеото многу брзо се рашири на интернет, го погледнаа илјадници луѓе кои им испратија пофални зборови и благодарност – нивниот дует им даде надеж на многу луѓе. Мат и Савана продолжуваат да снимаат дуети за да шират надеж, но и да покажат дека има позитивни страни во останувањето дома.




„Ова време на карантин не собра во музиката. За мене е навистина трогателно“, изјави Мат, „Правам нешто што го сакам и што долго време го сакам и можеме да го споделиме заедно“.