Механички гигант: Погледнете го најголемиот кран во светот

Најголемиот кран во светот пристигна во Велика Британија каде ќе работи во нуклеарната централа Хинкли Поинт. Технолошкиот гигант, висок неверојатни 250 метри, е една од најголемите структури што човекот успеа да ги изгради на Запад, а од милји далеку се нарекува Големиот Карл.




Овој масивен кран го добил името по Карл Саренс, татко на белгискиот семеен бизнис што го изградил.




Големиот Карл може да подигне фантастични 5.000 тони на само еден лифт, а се очекува да работи во британски Хинкли во следните четири години, пишува Би-Би-Си . Погледнете како работи во 3Д анимација:




Досега, најголемиот кран во светот беше оној Liebherr – моделот LR 13000. Тој тежи 748 тони и крева товар од 3.000 тони. Висината на кревање е 245 метри, додека радиусот на вртење е 196 метри.
Погледнете го видеото: