Преслатко магаре ужива во крилјата на својот сопственик додека тој на уво му ја пее неговата омилена песна (ВИДЕО)

Животните навистина можат да почувствуваат човечка наклонетост и да возвратат со безгранична љубов, а токму таков однос има фармерот со своето необично милениче – малото магаре. Видеото кое беше објавено на TikTok стана инстант хит, а во него можеме да го видиме неодоливото дуо како ужива во блаженството на својот двор.




Бидејќи магарето е сè уште мало, лесно може да седне во скутот на сопственикот и безгрижно да ужива во него, додека тој нежно му ја пее песната „Over The Rainbow“ на увото. Преслаткото магаре потполно се опуштило на рамото на фармерот, а камерата снимила момент на посебна нежност, кога го снимила изразот на лицето на пресреќното животно, кое очигледно е во состојба на нирвана поради песната и вниманието кое му е посветено тоа, пишува Индекс.




Изгледа дека уживањето е взаемно, бидејќи и мажот делува потполно опуштено додека го гали преслаткото животно, а нивниот заеднички ритуал „зад виножитото“ предизвика многу позитивни коментари на социјалните мрежи.




„Ова е убаво, сите треба да се однесуваме со сите животни на овој начин“, „Магарето кога ја виде камерата: „Што сакаш? Остави нè на мира, не гледаш ли правиме спомени“, „Најубавото нешто што сум го видел во последно време“, воодушевено напишаа луѓето.