Сораја за 8 – ми Март доби автомобил вреден 270.000 евра

Сораја Вучелиќ за 8 март доби многу вреден подарок од својот партнер, автомобил кој чини 270.000 евра.

Поранешната учесничка на реалното шоу „Големиот брат“, Сораја Вучелиќ неодамна се породи и на свет донесе момче, на кое му го даде името Кан.

Таа на Денот на жената добила луксузен подарок од партнерот, а таа се расплакала од среќа, пишува Блиц. „Сара е се уште цело време со бебето, па нејзиниот партнер и таа синоќа не излегле никаде, туку тој ја повикал да се спушти во дворот. Кога излегла надвор следел целосен шок бидејќи пред нивниот дом видела огромен луксузен мерцедес бенц мајбац С класа. Беше многу возбудена, дури и плачеше поради ваквото внимание од нејзиниот емотивен партнер“, рекол изворот.

„Бев трогнатa бидејќи тоа беше, пред се, прекрасен гест. Автомобилот е удобен и за мене и за бебето и тоа е важно“, изјавила кратко Сораја.