Сара му ја организираше последната прошетка на кучето што умира, а друштво им правеше „пола град“.

Британката Сара Кит ја организираше последната прошетка за нејзината 12-годишна “ќерка” Ела, на која и беше дијагностициран рак на грлото.
Таа сакаше нејзиното милениче да има специјално испраќање, па се огласи на Фејсбук за да ги покани колегите сопственици на кучиња да им се придружат на плажата во Бридлингтон, град во североисточна Англија на брегот на Северното Море.

Тоа беше најдобар ден за неа, а најлош за мене – вели Сара. Сара одлучила да дојде на оваа плажа бидејќи тоа било омиленото место на Ела, каде што често доаѓале порано. Имам еден куп нејзини фотографии од овде – вели Сара.

Таа беше трогната бидејќи толку многу луѓе се појавија со своите миленици за да се збогуваат со Ела. Беше неверојатно – вели Сара. Гледајќи ја Ела како си игра со другите кучиња, Сара додаде: „Таа е во нејзиниот елемент. Таа заборави дека сум тука“.

Неколку часа подоцна, Ела починала во рацете на Сара.