„Сакам да излегувам со помлади момци, но кога ќе ја слушнат мојата возраст, бегаат без разлика“ (ВИДЕО)

Тие велат дека четириесеттите се вторите дваесетти, а една дама максимално ужива во петтата деценија и сака да излегува и да се забавува со помлади момци. На социјалните мрежи таа се претставува како Misty Sins (44), а сака да се нарекува „секси пума“. Не се срами да ги покаже своите облини на следбениците, а бидејќи дефинитивно има со што да се пофали, не ѝ недостигаат додворувачи – од сите можни генерации.

Таа претпочита млади момци, но откако првично ќе бидат воодушевени од нејзиниот изглед, најчесто следува шок и неверување, пишува 24 Сата .
Момците бегаат штом дознаат колку години имам, а сега изгледам подобро отколку кога имав 20 години – се пожали таа на TikTok. Таа признала дека своите љубовници ги нарекува „момчиња-играчки“, па затоа не се чувствува премногу погодена кога ќе почнат да ја игнорираат.

Таа вели дека поради тоа нема намера да престане да излегува со помлади мажи – едноставно премногу ја привлекува за да се откаже од тоа задоволство. По нејзината објава, не требаше многу време додека бројните машки следбеници не и кажаа дека со задоволство ќе ја утешат, а на тоа се приклучија и некои дами, пренесува „The Sun“.

„Не би побегнал, сакам постари жени“, напишал еден. „Ако е така, тогаш се среќавате со погрешни типови“. Тука сум“, додаде друг. „Изгледаш младешки и убаво“, гласи трет коментар. Мислев дека имаш 54 години. Како и да е, сепак си убава“, ја „почести“ една обожавателка.