„Почнав да губам следбеници затоа што изгубив тежина. Им недостасуваат моите облини и не им се допаѓам“

Карина беше позната по своите објави во кои ги промовираше облините на женското тело. Меѓутоа, сега почна да споделува објави за слабеење и тоа не им се допадна на некои нејзини следбеници Дизајнерката на бикини и модел Карина Ирби (33) од Австралија откри дека изгубила дел од следбениците на социјалните мрежи и тоа само затоа што ослабела .




Карина беше позната по своите објави во кои ги промовираше облините на женското тело . Меѓутоа, сега почнала да споделува објави за слабеење и тоа не им се допаднало на некои нејзини следбеници кои го отследија нејзиниот профил. Многу девојки ме контактираа и ми рекоа дека сега кога повеќе зборувам за мојата храна, здравје и тренинзи, мора да престанат да ме следат. Го почитувам и ценам сечие мислење, но сакам и да се почитуваат моите одлуки – изјавила Карина.




Во последните 18 месеци се борам со здравствена анксиозност и тоа ме наведе да развијам некои прилично токсични и нездрави навики. Меѓутоа, откако разговарав со специјалист за моите тешкотии, успеав повторно да станам и да трчам. Ако некој сака да ослабне, тоа е во ред. Ако некој сака да се здебели, и тоа е во ред. Ако некој сака да работи на своето ментално здравје, и тоа е во ред. На крајот на денот, нечија лична одлука не мора да влијае на вас – додаде таа.




Иако некои ја придружуваа, многумина ја поддржаа, пишува Дејли Стар .