Марина (37) беше маќеа на Владимир (23), а сега чекаат второ дете: „ Беше со мојот син додека бев во куќата“

Ако мислевте дека ништо повеќе не може да ве изненади, сте се излажале. Руската инфлуенсерка Марина Балмашева (37) започнала врска со нејзиниот посинок Владимир (23) кога тој се вратил дома за време на празниците додека студирал. Марина му била маќеа на Владимир, а во прилог на тоа говорат и фотографиите од неговото детство кои тој ги објавува на социјалните мрежи.

Некогаш го хранела и се грижела за него, а денес со него чека второ дете Таткото на Владимир Алексеј (47) и Марина се развеле по 10 години брак. Причината е забранетата афера со Владимир, која до одреден момент успешно ја криеле. Алексеј бил шокиран и денес не ни зборува со синот. Кога открија дека се во врска, предизвикаа спротивставени коментари.

Марина се грижела за Владимир уште од 7-годишна возраст. Романсата ја започнале за време на празниците, а Марина потоа решила да го напушти Алексеј, кој има пет посвоени деца. Денеска се во брак и имаат ќерка, додека одбројуваат до доаѓањето на второто дете. „Толку луѓе ми велат да се шминкам, да ставам вештачки трепки и да ги виткам срамните влакна, сето тоа поради мојот нов сопруг“, напиша Марина еднаш и додаде:

„Меѓутоа, има една работа – тој се заљуби во мене со сите мои лузни од пластична хирургија, целулит, опуштена кожа и таква каква што сум. Не сакам да се преправам дека сум подобра од себе“, напишала Марина која инсистирала на предбрачен договор за да си ги задржи парите и имотот во случај на развод.

Од друга страна, Алексеј се уште е огорчен, поради што даде изјава за новинарите: „Таа го заведе мојот син. Тој никогаш немал девојка пред неа. Не се срамеа да имаат односи додека јас бев дома. Ќе и простив што изневеруваше да не беше со мојот син. Таа вечерта дојде во креветот на нашиот син додека јас спиев, а потоа се врати и лежеше со мене како ништо да не се случило“, рекол таткото на Владимир.