Згодниот шведски свештеник пет пати неделно е во теретана, а телото му е покриено со тетоважи

За свештенички позив почнав да размислувам на 14 години, а во 2005 година се запишав на теологија. Шест години после тоа бев ракоположен и никогаш не зажалив за тоа, се присети тој Оскар Арнгарден е 38-годишен свештеник на Евангелско-лутеранската црква од Шведска, кој со својот изглед ги тера жените да имаат грешни мисли. Кога не е во црква, ќе го најдете во теретана или во салон за тетоважи.




Тој признава дека оди во теретана пет дена во неделата, а покрај класичното кревање тегови, се занимава и со CrossFit, специјално дизајниран тренинг за американски војници и полицајци. Тој отвори профил на Инстаграм каде има над 40.000 следбеници. Тој вели дека некои ги заинтересирал за видот на тренинзите што ги прави, а други поради фотографиите на кои се гледа неговото совршено обликувано тело покриено со тетоважи .




Тој се претставува како „crossfitpriest“ и е многу отворен за се во врска со неговиот личен живот. За звањето свештенство почнав да размислувам на 14 години, а во 2005 година се запишав на теологија. Шест години потоа бев ракоположен и никогаш не зажалив – се присети и додаде дека отсекогаш го сакал спортот. Како дете играл фудбал, а подоцна се префрлил на теретана.




Со тренинзи за сила почнав на 18 години, а денес редовно тренирам пет дена во неделата, најчесто наутро. Тоа ме полни со енергија уште на почетокот на денот – продолжи тој, гледајќи наназад на реакциите на луѓето. Црквата не мисли дека правам нешто погрешно, туку луѓето, тие реагираат поинаку, некои се критички кон тоа – додаде тој.




Исто така, тој би променил некои работи во црквата во однос на односот кон младите. Смета дека треба повеќе да ги слушаат и дури потоа да се обидат да влијаат врз нив. Црквата постојано кажува што е правилно, а што не, што е важно, а што не… Но, првенствено треба да ги слушаме младите, нивните приказни, нивните искуства, работите со кои се борат, проблемите што ги имаат, што ги тера и што ги спречува. Лично, повеќе сакам да слушам и да научам нешто за некоја личност, отколку да зборувам многу – изјави тој за Билд .