ДОКАЗ ДЕКА ПАРИТЕ НЕ ПРАВАТ СРЕЌА: Домаќинка од Дубаи зажали што се омажила за МИЛИОНЕР кој и дава ОГРОМНИ СУМИ НА ПАРИ

Веќе ни е познато дека жените масовно одат во Дубаи, во потрага по луксузен живот и моќни шеици кои би им го обезбедиле тоа . Меѓутоа, прашањето е што се случува кога девојките ќе го добијат тоа што го побарале? Млада домаќинка од Дубаи се луксузира, но сепак го нападнала својот „несовесен“ партнер откако тој ѝ ставил голема сума што таа би ја потрошила на Денот на вљубените, наместо самиот да и купи подарок.




Линда има 23 години, а на својот TikTok го изрази својот голем проблем. Имено, таа објасни дека нејзиното момче и префрлило огромна сума на пари на сметката за убаво да го прослави Денот на вљубените, но не била воодушевена. Таа изјавила дека неговиот гест бил многу „себичен и непромислен“. „Добро, денес мојот човек стави 20 илјади долари на мојата банкарска сметка за Денот на вљубените. Мислам дека тоа е навистина непромислено и себично, зад тоа нема никаква порака, никакво значење“ – објаснила Линда.




Дозволете ми да ги удавам моите грижи во кредитни картички“, додаде таа. Заедно со видеото во кое зборува за својот проблем го додала описот „романсата е мртва“, а потоа покажала како живее. Имено, таа посетила бројни дизајнерски продавници внатре во Дубаи Мол, а потоа ги покажала прескапите дизајнерски чанти кои ги купила.




Никој друг нема да го има тоа, што јас го сакам. Не сакам да бидам иста како некој друг – додала таа. Линда потоа уживаше на ручек во близина на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Таа, исто така, пробала неколку пара дизајнерски чевли за „вечера што веројатно ќе ја испланирам самата“. Таа тогаш рече дека сепак одлучила да си оди дома бидејќи е „некако осамена“. Набрзо лансираше лавина од коментари, а мислењата, како и обично, беа поделени.




„20.000 долари и сè уште се жалат“, гласи еден коментар. „Да, 20.000 долари се добри пари, но повеќе би сакал да излезе од дома и да купи нешто што мисли дека ќе ми се допадне“, објасни еден од коментарите. Друг заклучил дека ова видео е уште еден показател дека „парите не носат среќа“.