Колку часа треба да спијат децата според нивната возраст

Сите педијатри нагласуваат дека сонот е пресуден за здравјето на децата. Доколку спијат помалку или имаат некакво нарушување, тоа ќе влијае на нивниот развој и ќе има сериозни здравствени последици, па затоа е многу важно да се погрижите да спијат доволно часови. Ако се прашувате колку сон му треба на вашето дете и кое е најдоброто време за спиење, одговорот е едноставен, се зависи од нивната возраст.




Еве ги препораките на педијатарот: 0-3 месеци: 14 до 17 часа сон, 4-11 месеци: 12 до 16 часа сон, 1-2 години: 11 до 14 часа сон, 3-5 години: 10 до 13 часа сон, 6-13 години: 9 до 11 часа сон Препорачаното време вклучува дневен и ноќен сон. Важно е да знаете дека ова се само препорачани упатства, има деца кои сакаат повеќе да спијат и оние кои спијат помалку часови.




Во секој случај, ќе забележите дали вашето дете доволно спие според тоа како функционира во текот на денот.
Како да го изберете вистинското време за спиење




Сега кога знаете колку сон му се препорачува на вашето дете според неговата возраст, можете лесно да пресметате кога е вистинското време за него да легне. Најдобар начин е да броите наназад: Проценете го времето кога детето треба да стане (6.30, 7.00 или 7.30)




Одбројувајте користејќи ја препорачаната количина на сон што му е потребна на вашето дете, пренесува Новости. На пример, ако вашето седумгодишно дете треба да стане во 6:30 наутро за на училиште, а му требаат десет часа сон, тогаш најдобро е да легне во 7:30 навечер. Само внимавајте, ова не важи за новороденчиња кои сè уште немаат воспоставено ритам на спиење.