Бев во врска со оженет маж и не се каам – Баш ме брига за неговата сопруга и детето, а еве зошто го оставив

Обвини го човекот, а не љубовникот , тоа е моја позиција и се држам до неа. Имав кратка, но возбудлива врска со оженет маж и, како слободна жена, не се чувствував ни трошка виновна поради тоа, изјави Рејчел (името е сменето за да се заштити идентитетот). Да не ме избраше за „втора сопруга“, тоа ќе беше некоја друга девојка. Тогаш имав околу 20 години. Се преселив во Лондон од мирен град на север.

Бев млада, сингл и желна за возбуда. Уживав во шарените коктел барови во Оксфорд Циркус и Сохо. Големиот град ми понуди космополитски начин на живот кој беше милион светлосни години оддалечен од местото од каде што дојдов – се присети таа. Таа вели дека кога пристигнала во Лондон се чувствувала како да се вратила дома.

Се чувствував толку кул, подготвена за живот на разврат и зло во моите слаби фармерки, светкави маици и лажен тен. Тогаш живеев во петта брзина – продолжи таа. Една вечер во кафеана ѝ пришол елегантно облечен 40-годишен маж во долго, скапо палто и светкави чевли. Тој не беше мојот вообичаен груб тип, што ми се допадна. Имаше своја компанија и потекнуваше од семејство кое поседуваше бродска компанија. Се чувствував поласкано од неговото внимание, па се правев дека не го гледам венчалниот прстен – изјавила таа.

Тој и рекол дека живее со сопругата и малата ќерка во стан во близина на Камден, но дека тие не биле таму таа вечер. Отишле во неговиот стан и воделе љубов во брачниот кревет. Ме заведе со својот полиран изглед и дарежливост. Ме опсипуваше со подароци и ме однесе во скапи хотели. Сексот бил забавен и страстен, а иако малку откривал за својот брак, рекол дека семејниот живот му станал досаден. Ми кажа како го изгубил вниманието на сопругата кога добиле дете – рекла таа.

Тие се среќаваа двапати неделно Го живеев тој момент и ниту еднаш не помислив на неговата сопруга и детето. Тие беа негов проблем, не мој. Премногу се забавував за да се грижам. Што се однесува до кршењето на „девојката шифра“, морам да напоменам дека тој дојде кај мене, така што во мои очи тоа е фер игра – објасни таа.

На крајот, тоа беше афера и ништо повеќе. Не планирал да ја остави сопругата, а таа не сакала засекогаш да биде „друга жена“. После три месеци престанаа да се гледаат.

Не планираше да ја остави сопругата, па раскинав со него. И до ден денес не се чувствувам виновна за сето тоа – изјавила таа, според The ​​Sun.