Вашите сметки за струја се превисоки?! Обавезно проверете ги овие уреди, трошковите ќе се преполоват

Многумина од нас добиваат главоболка секој месец кога ќе ни пристигне месечната сметка на домашна адреса. За да успеете барем малку да заштедите на струја, а со тоа и на финансии, испробајте ги овие неколку трикови.




Бојлер – заштедете 10% За еден час работа, бојлер од два киловати троши два киловатчаса, а на месечно ниво (ако работи по 2,5 часа секој ден) троши 150 киловат часови. За да заштедите на топла вода, поставете го термостатот на бојлерот помеѓу 50 и 60 Целзиусови степени. Наместо да се капете во полна бања, туширајте се и на тој начин ќе ја намалите потрошувачката и на вода и на струја. Од време на време чистете ја вагата од грејачот, бидејќи тоа ја зголемува потрошувачката.




Машина за перење – заштедете 10% Машината за перење троши еден до два киловат-часови и обично работи три часа. Со вклучување секој втор ден, троши од 45 до 90 киловат-часови месечно. Ако сакате да заштедите струја при перење алишта, вклучете го после полноќ, не користете предперење за бела облека и користете пократки програми.




Фрижидер и шпорет – заштедете 6% Поставете го термостатот во фрижидер на три или пет степени. Избегнувајте да ставате жешки тави и ставете контејнери со капаци, иако веруваме дека не го правите тоа. Редовно чистете го и отстранете ги наслагите од мраз. Еден горилник на шпоретот троши од 1,5 до 1,8 киловат-часови за еден час работа, а грејачот во рерната од два до четири киловат-часови. Тавата во која готвите треба да биде со големина на шпоретот и секогаш да ја покривате тавата кога подготвувате храна. Доколку ја користите рерната, термостатот не мора да биде на максимум и избегнувајте често да ја отворате вратата, бидејќи секогаш кога ќе ја отворите ја намалувате температурата за околу 15 степени.




Машина за миење садови – заштедете 2% Покрај значителната заштеда на време и вода, машината за миење садови ќе заштеди и електрична енергија на долг рок. Измијте ги садовите кога машината е полна, избегнувајте циклуси со високи температури (90 степени) и вклучете ја после полноќ.