Јутуберот Стефан Лазаров раскажа за својата животна приказна, како тој дошол на овој свет

Јутуберот Стефан Лазаров во емисијата Поткаст ја раскажа својата животна приказна како тој дошол на овај свет односно, како тој се родил и што се случувало во тие моменти.




Неговите родители подолго време неможеле да имаат дете па после 6 – 7 години конечно добиваат дете (неговата сестра) Потоа мајка му останала повторно бремена, но лекарите ја советувале да абортира затоа што имало поминато само 3 месеци од пораѓајот со неговата сестра со која се породила со царски рез.




Па доколку не абортира биле во опасност и нејзиниот живот и животот на бебето. Таа ги послушала и абортирала. Подоцна по 6 месеци таа останала повторно бремена и докторите повторно исто ја советувале затоа што биле во прашање и нејзиниот живот и животот на бебето. Таа не ги послушала и решила да го износи бебето и да го роди.




Па така се родило малото бебе како “Кифла” – како што сам се нарече Лазаров од едно кило. Во моментот кога неговата мајка се породила, докторот излегол од салата за пораѓај и му соопштил на неговиот татко дека бебето е добро, здраво, ќе биди уште подобро, но дека треба да биди спремен на се, некаде 95 % неговата сопруга нема да се спаси и ќе почини.




Но ете со помош од Господ и неговата храбра мајка таа се освестила и се испаднало добро.