Професорка (73) одбила да оди во пензија и останала без никого, а потоа следел животен преокрет – Објавила фотографија за која не престануваат да стасуваат коментари

Дека „никогаш не е доцна да се бакнуваш страсно“, најдобар доказ е животната приказна на една баба од Твитер, која по смртта на сопругот, среде пандемијата, повторно ја нашла љубовта, зачекори во осмата деценија од животот. . Баба од Америка, која живее во Калифорнија, Керол Мек има 73 години и се уште работи како учителка, додека порано во животот работела во областа на правото и медицината.

По четири децении брак, на 70-годишна возраст, нејзиниот сопруг нашол друга жена, поради што таа го оставила. Меѓутоа, само три години после тоа, љубовта повторно затропа на нејзината врата, за што таа напиша на Твитер. По речиси четири децении брак, никогаш не очекував дека на 70 години повторно ќе бидам сингл. И секако не очекував да ја најдам вистинската љубов на 73 години среде пандемија! А сега ова – напиша таа во Твит, под кој имаше слика од веренички прстен.

Нејзината објава стана глобален хит, со над милион лајкови и споделувања, бидејќи воодушевените корисници ја споделија нејзината приказна. Не те познавам и не ме знаеш мене, но јас сум проклето среќен за тебе. Секоја чест. Секој заслужува да најде живот и среќа во секоја фаза од својот живот, многу ми е жал што вашиот прв брак не успеа. Но, повторно честитки и многу среќа – коментира еден корисник.

Одговарајќи на еден од коментарите, таа напиша дека прекинала секаков контакт со поранешниот сопруг. Ви благодарам! Јас навистина не го изгубив мојот сопруг. Го избркав кога дознав дека има друга жена на страна. И никогаш не погледнав назад – напиша таа. Таа исто така рече дека нејзиниот вереник живее во Порт Хунеме и додаде дека не е сигурна каде ќе завршат. Одговарајќи на коментарите, таа сподели и како ја запознала својата сакана.

– Ах, мислам дека тоа беше чиста среќа. Отворив профил на „Матч“ и добив многу чудни пораки, но најдов добра, моја возраст, професор на факултет како мене и со слична религиозна традиција. Нешто може да се случи, си помислив. – таа напиша.