Шеикот и обезбедил титула најскапа љубовница на светот! Јана заработува и до 5 000 евра дневно, а вака изгледала пред операција

Украинката Јана Орфева неодамна привлече огромно внимание во јавноста кога се дозна дека добива по 5.000 евра дневно благодарение на тоа што е љубовница на саудиски принц кој дебело плаќа за да биде во нејзино друштво. Јана и принцот се во врска повеќе од две години, а тој и ја исполнува речиси секоја желба. Благодарение на тие пари, манекенката купила станови низ цела Европа, како и во родниот Киев , а мултимилионерката не штеди кога станува збор за луксузни патувања, брендирани чанти, чевли и автомобили.




Додека на социјалните мрежи споделува бројни работи од приватниот живот, на нејзиниот Инстаграм профил се појави фотографија од специјално направен прстен „Граф“ кој чини околу 200.000 евра, што, како што пренесуваат странските медиуми, е ситница за принц.
Јана на Инстаграм ја следат 177 илјади луѓе, а тој број секојдневно се зголемува. На мрежите таа редовно објавува модни комбинации, но и слики од патувањата, додека сликите со принцот се ретки – на профилот на Јана има само една фотографија со саканиот.




Имено, факт е дека убавата Јана го одзема здивот со својот изглед, а не е тајна дека во минатото беше повеќе од привлечна и згодна. Сепак, некои промени се видливи. На рана возраст таа беше само уште една обична девојка од една украинска провинција која си ја проба среќата на натпревари за убавина. Еве уште неколку нејзини фотографии…




Меѓутоа, со вниманието што го доби како „најскапата и најбогатата љубовница“, во јавноста се појавија и фотографии како изгледала пред сите операции. Иако денес крие се за своето минато, старите фотографии покажаа колку се променила до денес.
Ја наполнила устата, го оперирала носот и јаболчниците, а забележливо е дека и е поинаков обликот на очите, што многумина го припишуваат на таканаречената процедура на лисици.




Јана од моментот кога стапила во врска со саудискиот принц ги избришала сите фотографии на кои е со семејството, а на нејзиниот Инстаграм може да се најдат само неколку фотографии од нејзината мајка, а јасно е од кого ја наследила убавина. Нејзината мајка, велат, изгледа како мало девојче.




Многумина се на мислење дека не и биле потребни операции. Сепак, таа дефинитивно заработи од нејзиниот нов изглед и тоа колку добро се снајде.