Возачот на автобусот ја затворил вратата пред момче со аутизам: Потоа се појавил „ангел“ и му помогнал

Возачот на автобусот ја затворил вратата пред момче со аутизам. Сепак, еден „ангел“ го видел сето тоа и решил да му помогне. Кели МекЕват (38) од Ливерпул објави на локална група на Фејсбук дека се обидува да ја пронајде „жената ангел“ која му помагала на нејзиниот аутистичен син Нејтан на пат кон училиште.

Мајката била воодушевена од љубезниот странец кој му помогнал на нејзиниот 12-годишен син на автобуската станица. Откако се поздравил со својата мајка, Нејтан пристигнал на автобуската станица каде што веќе бил училишниот автобус. Кели тврди дека тој тропнал на страната на автобусот, но возачот го игнорирал и излетал оставајќи го нејзиниот син зад себе.

Момчето се изнервирало затоа што не се качило во училишниот автобус. Нејтан, кој има аутизам, тогаш станал во паника и вознемирен, пишува Liverpool Echo . Отиде во својот училишен автобус како и обично, а возачот не го чекаше. „Нејтан почна да го фаќа паника, тој е многу вознемирен поради неговиот аутизам и кога беше вознемирен обидувајќи се да сфати што да прави, некоја жена дошла до него и разговарала со него“, рече Кели.

Во таа прилика му дала две фунти за да плати редовен автобус за да стигне до училиште. Нејтан ми се јави и ми кажа што се случило. Ме праша дали може да го фати јавниот автобус и јас бев нервозна затоа што никогаш не користел други услуги од јавен превоз освен училишниот автобус. Го прашав дали знае каде да се симне и ми успеа. Првпат пошол сам на училиште – рекла таа, а потоа и се заблагодарила на непознатата жена.

Не можам доволно да и се заблагодарам на дамата за тоа што го направи. Неверојатно е да се знае дека луѓето се таму за да му помогнат на моето момче кога му треба. Сакам само да и се заблагодарам и да и кажам дека нема поим како тоа ќе му помогне на неговата доверба и независност. Вие сте апсолутен ангел – изјавила Кели.

Оваа дама се викала Памела Фокс.

– О, ова бев јас… Цел ден мислев на него. Се обидов да го запрам автобусот кога го видов како трча, но автобусот само замина. Можев да видам дека е во паника и многу сум среќна што безбедно стигна до училиште. Разговарав со него малку, тој е прекрасно момче и многу ме потсетува на мојот син, кој е на иста возраст, само друго училиште. Мило ми е што е добро – изјави Памела.