Јавни тоалети во Токио за минувачите да видат дали е слободно и чисто од надвор без да влегуваат внатре за да проверат (ВИДЕО)

На улиците на Токио се поставени јавни тоалети со проѕирни стаклени ѕидови осветлени како „прекрасни лампиони“. Тоалетите се поставени во два парка на Шибуја, деловниот дел на јапонската престолнина, а се дело на архитектот и дизајнер Шигеру Бан.




Тие се дизајнирани да решат два проблема за користење на јавни тоалети – за луѓето да можат да проверат дали се чисти без да влезат и да знаат дали има некој внатре.




Сега жителите на Токио треба само да гледаат низ витражот.Се разбира, не би било многу пријатно да вршите нужда и да ве гледа цела улица, а Јапонците не би биле Јапонци доколку не смислиле решение за тоа.




Штом некој ќе влезе во тоалетот и ќе ја заклучи вратата, стаклото веднаш се замаглува и повеќе не можете да гледате низ него.