Оваа математичка задача ги збуни сите – Можете ли да ја решите?

Математичкиот проблем кој го мачеше интернетот повторно стана вирален на Твитер затоа што изгледа дека корисниците не можат да се договорат за неговото решение. Равенката изгледа едноставна и јасна: 8 ÷ 2 (2 + 2) = ?.

Нема необични операции или збунувачки бројки, но луѓето се уште се збунети бидејќи некои тврдат дека решението е 16, а некои дека решението е 1.

Дури и различни дигитрони даваат различни резултати. Меѓутоа, прашањето е поставено на погрешен начин. Според правилата на алгебрата, одговорот треба да биде 16 бидејќи прво се решаваат заградите, а делењето и множењето имаат ист приоритет, па проблемот се решава по редослед од лево кон десно, пишува IFL Science.

Сепак, некои тврдат дека на равенката и недостасуваат неколку загради кои би им овозможиле на луѓето да дојдат до точното решение.

Може да имате (8 ÷ 2) x (2 + 2), што би било еднакво на 16, или исто така би можеле да го напишете како 8 ÷ [2x (2 + 2)], што би било еднакво на 1. И двете од овие опции секако би биле поедноставно, но веројатно тогаш задачата не би станала хит на Интернет.