Скриено богатство во стара куќа (ВИДЕО)

Една старица ја викнала да ѝ ја исчисти куќата, кога го отстранила тепихот стар неколку децении, вреснала: Дали е можно ова? Шарлот Босанке од Сиднеј се занимава со чистење, таа со целиот свет сподели каква вредност пронашла во куќата на една стара жена. Чистејќи го домот на една старица која ја повикала да ѝ помогне, таа го подигнала тепихот стар неколку децении и под него пронашла паричка од дамнешната 1930 година.

Подоцна се покажало дека монетата вреди околу 25.000 евра. Била шокирана откако дознала дека во раката држи вистинско богатство. Шарлот видеото го споделила на Тикток со објаснување: Најдовме стари весници и монета чија вредност се проценува на 25.000 евра – вели таа и признава дека штом ја здогледала паричката, знаела за што станува збор, па почнала да вреска од среќа.

Станува збор за ретка монета од 1930 година, која потекнува од мала серија ковани монети и тоа ја прави исклучително вредна. Поради нејзината естетика и реткост, нејзината цена може да биде и повисока во зависност од нејзината состојба. Една таква монета во 2019 година беше продадена за повеќе од 716.780 евра, додека друга, пак, се чува во Британскиот музеј.

Сепак, се подразбира дека Шарлот не ја задржала пронајдената паричка за себе.