Шок и неверување, тримесечно бебе „проговорило“ (ВИДЕО)

Реакцијата на родителите е урнебесна




Видеото со преслаткото момче кое на Тикток има 1,2 милиони прегледи буквално предизвикува шок и неверување. Имено, додека мајката го гледа со нежност и му вели „Те сакам“, момчето го впива секој нејзин збор и иако очигледно не го знае значењето, одговара речиси идентично. Реакцијата на мајката е урнебесна, бидејќи нејзиното бебе почнало да „зборува“ на неполни 3 месеци.




Снимката добила повеќе од 140.000 „лајка“, а меѓу илјадниците коментари имаше и понекој духовит коментар:




„Крајно време е ова момче да почне да заработува и да плаќа сметки“ – напишал еден од корисниците на Тикток.