Жена проверила што прави нејзината мачка додека ја нема, видеото и го скршило срцето

Многумина велат дека мачките се сосема спротивно од кучињата. За нив се вели дека се себични манипулатори кои ги сакаат своите сопственици само кога треба да се хранат.

Велат дека не се толку приврзани за сопствениците и дека не им недостигаат кога ги нема… Но, дали е навистина така?

Ова видео покажува дека таквите тврдења немаат никаква врска со вистината. Една жена ја оставила камерата во ходникот и снимила што се случува додека била отсутна. Отишла на кратка прошетка со кучето, а подоцна проверила што прави нејзината мачка додека била отсутна.

Тоа што го виде и го скрши срцето.

Слушајте го внимателно видеото, некои велат дека ја слушаат мачката како вели „Те сакам“ и прашуваат „Каде си?“ (Каде си?). Дали и вие го слушате плачот на осамена мачка?