Се откажала од факултетот за медицина за да биде домаќинка во Дубаи: Жените кои бркаат кариера се губитници!

Гордата домаќинка Линда Андраде (23) е сигурна дека има многу повеќе среќа од жените кои имаат кариера бидејќи никогаш во животот не платила сметка. Имено, инфлуенсерката од Дубаи е во брак со богат претприемач од Обединетите Емирати, па лесно и е да не прави ништо, па дури ни да ги плати сметките.




Од една страна, Линда се фали со раскошни одмори на луксузни дестинации и како троши многу пари на облека и автомобили, но оваа 23-годишна девојка е жена која мора да остане дома за да готви и да чисти кога слугинката е не неколку дена одмор. Верувам дека модерните врски во кои се се дели пола-пола се несреќни. Тоа не е природно – рече таа. Линда добива додаток од нејзиниот сопруг, кој наводно заработува околу 125.000 фунти месечно (142.000 евра).




Никогаш во животот не сум платила сметка. Не знам ни како да ја платам киријата – додава таа. Семејството на Линид изрази загриженост за нејзиниот начин на живот. Таа се откажа од соништата да стане доктор за да се омажи на 19 години, што е контроверзен избор за нив. Татко ми сака да направам нешто со мојот живот. Отсекогаш сакаше да бидам доктор и тоа беше и мојот сон. Но, во моментов сум фокусирана на мојот брак. Потребна е голема доверба во врската за да се откажете од соништата и да се откажете од се за да се грижите за мажот – вели Линда.




По видеото кое го објави во кое напиша дека девојките во Америка ја делат сметката и чекаат 10 години некој да ги запроси, додека девојките во Дубаи пливаат во луксуз, жените ширум светот и одржаа кратка и јасна лекција на „робот на шеикот “. „Душо, има огромна разлика. Сите тие работи што ги имаш што собираат прашина имаат своја цена. Таа цена се нарекува контрола. Жените кои имаат свои пари можат да си заминат од мажот кога сакаат, ако не им оди добро, врската, а ти секогаш ќе бидеш роб на шеикот“,




„Видов дека напиша дека се залагаш за „правото на злато“, а не за „правата на жените“. Животот порано или подоцна ќе те научи лекција, но тогаш тоа ќе доцни затоа што не знаеш ни да броиш за да платиш“,
„Се надевам знаеш дека нема да ги однесеш тие работи на следниот свет, затоа биди добра со луѓето“, се само некои од илјадниците коментари.