Д-р Андоновски: Македонија ја губи битката со иселувањето на медицинскиот персонал

Доктор Ангелчо Андоновски во интервју за „Прес24“ вели дека Македонија ја губи битката со иселувањето на медицинскиот персонал.

Според д-р Андоновски тоа е еден од најголемите проблеми во здравството, кој не се решава и ситуацијата станува сè посериозна.

На сите ни е јасно дека ја губиме битката против белата чума и иселувањето на медицинскиот персонал. Причините се во неорганизирана поставеност на одредени законски нормативи кои навидум беа заеднички усвоени и потпишани. За да постоаи успешно управување треба да се има квалитетна раководна структура која со своите професионални и менаџерски способности ќе го раководи кадарот кој е на располагање.

Само така ќе ги решиме проблемите во здравството, вели д-р Андоновски во интервју на „Прес24“.