Татко си ја спасува својата ќерка од разбеснетите води на морето (ВИДЕО)

Осумгодишно девојче од Австралија се бори за живот откако паднало од карпа во разбранувано море, каде за малку ќе завршела на карпите во несвест и однесена од брановите.

Животот ѝ го спасил татко ѝ кој скокнал по неа. Потоа на помош му дошле неколку луѓе. Таткото и случаен минувач ја држеле главата на онесвестеното девојче над водата, по што ја легнале на душек на надувување кој им го фрлил некој од брегот.

На крајот, спасувачката служба пристигнала на џет ски, а девојчето го ставиле на даска и почнале со реанимација. Конечно била однесена на брегот, каде што чекал хеликоптер да ја однесе во детската болница во Јужен Бризбејн.

Таа е во критична состојба и се уште се бори за живот, пишуваат австралиските медиуми.