ЈА ПРОГЛАСИЈА ЗА НАЈГРДА ДЕВОЈКА ВО СВЕТОТ! Потоа им испрати порака и ги замолчи сите!

Кога Германката Илка Брил отворила профил на Инстаграм, идиоти од целиот свет ја нападнале со грди коментари, отишле дотаму што ја прогласиле за најгрдата девојка на светот. Илка, сепак, за тоа време решително му покажа на светот дека убавината има различни лица и за среќа на многумина не се откажа од своите постови.

Сакајќи да ги охрабри другите, иако постојано трпи навреди, Илка стана многу влијателна активистка која моментално ја следат повеќе од 28 илјади луѓе. „Мојата мисија е да го потсетам светот дека сите сме убави“, пишува оваа девојка родена со ретко и тешко пореметување за кое веќе имала низа операции, а допрва ја чекаат нови.

„Родена сум со расцеп на уста и непце, а носните шуплини не ми се добро формирани. Ја немав десната страна на солзавецот, па солзи постојано ми течеа по лицето“, вели Илка на профилот што реши да го отвори откако нејзините пријатели професионално направија неколку нејзини портрети.

„Тогаш сфатив дека сакам на светот да му го покажам своето лице и кој сум навистина. Ми велат дека сум грда, но јас тврдам дека има само еден вид грдост – грда душа. Никој не треба да се крие поради својот изглед“, објаснува оваа храбра девојка, а ние и се поклонуваме со најдлабока почит.