Математички проблем за 11-годишни деца предизвика дебата на Твитер. Дали го знаете решението?

НА Твитер се појави дискусија поради математички проблем кој го сподели еден корисник на социјалната мрежа. Корисниците на Твитер се обидуваат да го разјаснат правилниот редослед на аритметички операции при решавање на оваа дропка. Некои пишуваат дека решението е 1, додека други веруваат дека точното решение е 4.




„Како дури и да извлечеш 4 од ова?“, „И ако сè е направено како што треба, не излегува како 4“, „Одам на факултет и никогаш не сум го разбрал ова во мојот живот “, „Прво треба да ги решите заградите“, се дел од коментарите под објавата.




Кое е точното решение?
Наставничката Ана Мастерсон објаснила дека некои ќе добијат 4, а некои 1, во зависност од тоа кој редослед на математички операции се користи, пишува Daily Mail.




„Денес во училиштата учат прво да се решаваат загради, а потоа да се делат, множат, собираат и одземаат. Покрај тоа, заградите се сметаат за множење“, рече Мастерсон, нудејќи решенија: 36:3(8-6) = 36:3×2 = 12×2 = 24 24 потоа се дели со 6, давајќи го решението 4.