Најдобар трик за брзо чистење на стаклото од рерната, потребна ви е само една работа

Пред да ја ставите храната во рерната, без сомнение ќе сакате да се уверите дека е во најдобра можна состојба. Маснотијата и нечистотијата може да се акумулираат доколку не ја одржувате редовно рерната, пишува Klix.ba. Сите сакаме да ги извршуваме домашните работи што е можно побрзо и полесно, а една жена сподели генијален трик за вашата рерна да стане сјајна и чиста за само пет минути.

Shantel Mila споделува неверојатен трик за чистење на рерната со помош на производ што веројатно веќе го имате во вашиот шкаф, а стаклото од рерната ќе го исчисти за неколку минути.

Оваа мајка од Мелбурн, позната на TikTok како @mama_mila_, го сподели трикот за чистење со нејзините милиони следбеници, кои сите беа шокирани од резултатот. Во видеото со наслов „Три трикови за чистење што ќе сакате да ги испробате што побрзо“, еден од нив е за „брзо чистење на стаклото од рерната“.

Сè што треба да направите е да ставите таблета за миење садови на влажен сунѓер и потоа со неа да го исчистите стаклото од рерната.