Овој мал остров има свој облак

Додека некои острови се познати по својата необична географија или уникатна историја, Литла Димун е позната по времето. Островот, кој е најмал во синџирот на Фарските Острови, често е покриен со облаци, што го прави сосема нереален.




Тој е најмалиот од 18-те главни острови, со површина од помалку од 100 хектари и единствениот ненаселен. Една од највпечатливите карактеристики на овој остров е тоа што често е покриен со облаци.




Овие облаци се познати како леќести, тие се секогаш неподвижни и кога се формираат над планински врвови или острови, изгледаат како прекрасна капа.




Поради ова, иако Литла Димун е најмал, сепак има моќ да влијае на атмосферата што ја опкружува со производство на облаци кои лебдат над неа.