Скоро 5 милиони луѓе го погледнале ова видео каде што кучето не сака да оди на спиење (ВИДЕО)

Ова куче им стана интересно на сите поради неговите реакции Видеото од Труман, планинско куче од Берна кое не сака да спие, го прегледале повеќе од 4,8 милиони корисници на TikTok.

Кучето стана вирална сензација поради неговите специфични реакции кога нешто не му е по волја. На видеото се гледа како Труман си игра во дворот, а во позадина се слуша како сопственикот го вика. „Еј дете, време е за спиење“, му вели таа, а кучето се намести како да ќе игра, па почна да лае по неа и почнува да се врти во кругови.

Конечно, тој стои на задните нозе и ги собира предните шепи. Луѓето на TikTok беа воодушевени од ова видео. „Очигледно е време за играње“, „Како само те погледна“,

„Ова е моето омилено куче на платформата поради многу причини“, „И моето е такво, ќе си играше на снег цела ноќ“, се некои од коментарите под објавата.