Сите мислат дека нејзиниот син и е момче! Толку е млада што луѓето не веруваат дека се породила

Зашија Сантијаго е мајка на три деца и има 34 години, но е толку млада што многумина на прв поглед мислат дека таа е сестра на нејзиниот најстар син, па дури и неговата девојка.

Зашија објави видео како го гушка својот син на TikTok , заедно со описот: „Тие мислат дека сум неговата постара сестра “ . Таа потоа се вратила на постара слика на која се гушкала Зеј кога тој бил дете, пишува The Sun.

Зашија обично објавува клипови од нејзиниот секојдневен живот на TikTok, но често споделува објави и со нејзиниот син. Својот прв син, кој има 17 години, го родила кога имала само 17 години и открила дека поминале 14 години помеѓу првата и втората бременост. Рекла и дека таа и нејзиниот син често излегуваат заедно, и дека се најдобри пријатели, а често се шегуваат и со тоа што многумина мислат дека се пар, а не мајка и син.

Искрено, поласкана сум што луѓето мислат дека изгледам толку младо, никогаш не би си дала 17 години – вели таа смеејќи се во едно од видеата. Нејзиното неодамнешно видео собра повеќе од осум милиони прегледи, а луѓето брзо се собраа во делот за коментари за да ги напишат своите размислувања. Многумина признаа дека мислат дека Зашија и Зај се дечко и девојка.

Мислев дека сте во врска – напишал еден корисник. – Не го очекував тоа!! Мислев дека ќе се бакнуваш! – додаде уште еден. Сепак, некои напишаа барања во коментарите за Зашија да ги сподели своите тајни против стареење.

Како изгледаш сега помладо од порано?! – праша еден корисник. – Буквално старееш наназад… најубавата мама! – коментира друг.