Момчето прво ја спасило својата сестра од пожарот, а потоа и останатите членови на семејството

Во опасна ситуација, претежно возрасните се тие кои брзо реагираат и се трудат да ги спасат сите членови на домаќинството и семејството. Но, ова семејство го спасило 5-годишно дете.




Ноа Вудс спиел во собата што ја дели со својата 2-годишна сестра кога до неговиот кревет избил пожар предизвикан од електричен дефект. Ноа скокна од креветот, ја зеде сестра си и и помогна да излезе од прозорецот, а во исто време го извади и семејното куче. Потоа истрчал во соседната куќа во која живеел неговиот вујко и заедно со него ги извлекле останатите членови на семејството од запалената куќа.




„Не знаев од каде дојде пламенот“, рече Ноа, „Ја зедов Лили, ја доведов до прозорецот, го донесов кучето и потоа излегов. Семејството и пожарникарите се свесни дека реакцијата на Ноа им го спасила животот. Да не ги забележал пламените јазици навреме, којзнае што ќе се случеше.




Ноа доби високи пофалби од противпожарната станица: „5-годишниот Ноа Вудс неодамна се разбудил и ја затекнал својата соба во пламен. Тој веднаш ја зел својата 2-годишна сестра со која излегол низ прозорецот и се вратил во куќата за да ги предупреди другите членови на семејството“.




Ноа и останатите 4 членови на семејството се здобиле со само полесни повреди и вдишиле многу чад. Ноа ќе добие специјална награда за храброст.




Дедото на Ное плачеше кога зборуваше за настанот: „Да не беше Ноа, немаше да имаме… Мислам, сите спиевме, немаше да знаеме што се случува. Можевме да го загубиме животот“.
Семејството, за жал, немало осигурување на куќата па немаат средства да ја поправат. Куќата е уништена и ќе бидат потребни многу пари за повторно да се живее во неа. Семејството моментално ги прифаќа сите донации и сите 9 членови мора да спијат во мотел.
Holding the hand of a 5yr old hero! Meet the boy who saved his family from a house fire… He got a small burn on his wrist. @wsbtv at 5pm pic.twitter.com/0kTr2lqW9v
— Wendy Corona (@WendyCoronaWSB) February 10, 2020