Две години од сопругата криел дека добил на лото, а потоа…

Кинез кој освоил џекпот на лотарија од 10 милиони јуани (1,5 милиони долари), но го сокрил од својата сопруга, сега добил наредба од судот да и плати компензација. Во 2021 година, Кинезот идентификуван само како Џоу, освоил 10 милиони јуани на лотарија. Откако платил данок, му останале 8,43 милиони јуани или 1,23 милиони долари.

Иако сумата била доволно голема за да направи голема разлика во неговиот и во животот на неговото семејство, мажот избрал да не и кажува на сопругата за добивките, продолжувајќи да се однесува како ништо да не се случило. Топлата вода ги топи слабите точки на „Глечерот Судниот… Стивен Спилберг го испофали Том Круз: Маверик ја спаси…

Дента кога парите стигнале на неговата сметка, тој и префрлил 2 милиони јуани на својата сестра и 700.000 на поранешната сопруга за да и помогне да купи стан. Втората жена две години не знаела ништо за парите, пишува South China Morning Post.

На крајот, сепак, дознала како нејзиниот сопруг потрошил дел од добивката. Бесна, таа поднела барање за развод, а потоа го тужела за дел од добивката на лотаријата. Бидејќи тие биле во брак во времето на добивката, парите се сметаат за заедничка сопственост, а таа барала две третини од 2,7 милиони јуани што отишле на неговата сестра и поранешна сопруга.