Како изгледаат некои после напорен тренинг во сала за вежбање(видео)

Што се случило со лицето на оваа девојка? Чарли Марлоу сака да вежба и честопати оди во сала за вежбање. Таа на својот профил на Тикток сподели фотографија која настанала после нејзиното напорно вежбање. И додека речиси сите објавуваат снимки и фотографии од салата на кои изгледаат средено и нашминкано како да излегле некаде, оваа девојка сподели фотографија од своето црвено лице, кое изгледа како изгорено од сонцето, но сепак таа е задоволна од себеси и насмеана.

Во описот на објавата Чарли напишала: „Се прашувам зошто сите во салата зјапаат во мене…“ Очигледно е дека бојата ја добила поради зголемената циркулација на крв по напорниот тренинг. Нејзините посматрачи потврдија дека тоа е нормална појава и дека не разбираат зошто другите се чудат.

Ова е причината зошто не одам во теретана затоа што се вцрвенувам и не можам да се носам со погледите на другите луѓе. Се чувствувам сигурно, знаејќи дека има луѓе како мене. Има ли дијагноза за ова? – коментирале корисниците на мрежата.

Иако имаше многу шеговити коментари и поистоветување со оваа девојка, многу луѓе ѝ оддадоа признание за дисциплината, прашувајќи се дали и другите луѓе што вежбаат се толку посветени на вежбањет и дали и тие би имале такво лице по неколкуте часа вежбање, како што практикува таа.