Баба од 92 по 25 години се сретнала со момче на љубовен состанок (ВИДЕО)

Бабата Лилијан Дворник од Америка има 92 години и вистинска сензација на социјалната мрежа „ТикТок“; има повеќе од 7,6 милиони следбеници. Таа секојдневно објавува смешни видеа, моменти од приватниот живот и со задоволство споделува совети со младите. Во „морето“ од нејзините видеа се издвојува она што неодамна го објави и во кое откри дека оди на состанок после 25 години.

Во првиот клип таа на своите следбеници им покажа како се шминка и се подготвува за состанокот и откри дека е „малку нервозна“. Згоден е, можеби ќе го бакнам. Го запознав кога играв на лотарија, многу е убав и не можев да го одбијам. Можеби и ќе го бакнам, никогаш не се знае – рекла бабата додека го ставала карминот.

Лилијан на своите следбеници го покажа и фустанот што го избра и нагласи дека ќе им соопшти како завршила средбата. Ако не му се допаѓа, сега може да си замине. Се што сакам е бесплатна вечера. Нема да носам паричник или чанта. Ќе ве известам како помина – нагласи таа. Лилијан го исполни ветувањето, а следниот ден објави видео во кое откри дека средбата не поминала најдобро.

Тој е понизок од мене и груб. Не го бакнав. Само што се вратив од состанокот и не помина добро. Не ми ја ни погледна облеката, ниту пак рече дека изгледам убаво. Беше груб со келнерот, не ми ја држеше ни вратата, како што треба еден господин. Штом не е џентлмен, не е мој тип. И тој беше понизок од мене. Не го бакнав, нема шанси – заклучила таа.