На денот на свадбата на нејзиниот син, дознала дека нејзината снаа е всушност нејзината изгубена ќерка

Една жена посвоила момче откако изгубила секаква надеж дека ќе ја најде својата ќерка, која ја барала со години Една жена била шокирана кога на свадбата на нејзиниот син открила дека невестата е всушност нејзината одамна изгубена ќерка. На една свадба во Сужоу, Кина, свекрва забележала роден белег на раката на невестата кој бил многу сличен на оној што го имала нејзината одамна изгубена ќерка.

Кога го видела родениот белег, им пришла на родителите на невестата и ги прашала дали нивната ќерка е посвоена пред дваесет години. Семејството било збунето од прашањето бидејќи било тајна. Сепак, според кинеските медиуми, родителите признале дека бебето го нашле на пат пред многу години и го одгледале како свое.

Сепак, приказната не завршува тука. Невестата која плачеше со солзи од среќа кога дозна дека е посвоена и дека штотуку ја запознала својата биолошка мајка, сепак се омажила за својот постар „брат“ затоа што нејзината свекрва признала дека и младоженецот е посвоен .

Една жена посвоила момче откако изгубила секаква надеж дека ќе ја најде својата ќерка, која ја барала со години.

Единственото нешто што не е јасно во целата приказна е како жената ја „изгубила“ ќерката, но секако оваа по малку бизарна приказна има среќен крај.