УБАВИ ВЕСТИ ОД ТУРЦИЈА – Познатата актерка е жива

Популарната актерка Џансу Дере ги загрижи љубителите на турските серии. На убавата актерка и се губи секаква трага по разорниот земјотрес кој пред неколку дена го погоди југот на земјата, а бидејќи таа не се огласуваше на социјалните мрежи, почнаа да кружат разни информации и дезинформации по социјалните мрежи, како и турските и регионални портали.

Сепак, фановите на актерката не губат надеж дека е жива. Семејството на Џансу сè уште не се огласило по нејзиното наводно исчезнување среде катастрофата што ја погоди нивната земја. Нема потврда ни дека Џансу Дере во тоа време била на југот на Турција, а нејзината последна објава на Инстаграм е од 5 јануари.

Џансу Дере е една од турските актерки со најголема меѓународна слава. Ја започна својата кариера како модел откако ги напушти студиите за да учествува на натпревар за убавина. Подоцна стана и успешна актерка. Актерката со грчко потекло е родена на 14 октомври 1980 година во Анкара, главниот град на Турција. Набргу по нејзиното раѓање, нејзиното семејство се преселило во градот Измир, каде што Џансу живеела до 18 -годишна возраст.

По завршувањето на средното училиште, Џансу се преселила во Истанбул за да се запише на студии по археологија. Две години подоцна, нејзиниот живот радикално се променил по поканата од реномиран турски моден агент да учествува на изборот за Мис на Турција. По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија и однесе повеќе од 30 илјади животи, надежта за пронаоѓање живи не престанува. Меѓу жртвите се и голем број јавни личности.

Џансу Дере ги загрижи љубителите на турските серии. На убавата актерка и се губи секаква трага по разорниот земјотрес кој пред неколку дена го погоди југот на земјата, а бидејќи таа не се огласуваше на социјалните мрежи, почнаа да кружат разни информации и дезинформации по социјалните мрежи, како и турските и регионални портали.

Во меѓувреме се појави информација која ја дала турската новинарка Бирсен Алтунташ, која изјавила дека во соработка со Дизни и Фокс им помага на граѓаните кои останале без покрив над глава. На социјалните мрежи се појави видео на кои може да се види како актерката напорно работи со голем тим кој подготвува помош за сите оние кои останаа без своите домови.

Џансу е една од ретките познати личности која заборави на својата слава, а во овие тешки моменти им се придружи на народот на Турција и им пружи помош на сите на кои им е потребна помош.