Новак не може да замисли eден ден без храна: „Тоа е мојот омилен појадок“

Зад успехот на најдобриот светски тенисер стојат многу жртви. Сите кои го познаваат Новак Ѓоковиќ велат дека тој се труди се што прави да го доведе до совршенство. Секој ден се труди да јаде што е можно поздрава храна, избалансирани производи кои му даваат сила и леснотија на движење. Ноле вели дека не може да замисли ден без одредени намирници, пишува Стил.рс.

Мојата омилена храна за појадок се овошјето и зелените смути. Не можам да го започнам денот без него, откри еднаш Новак. Исто така, Ѓоковиќ откри која храна е клучна за неговото опоравување во периодот на пауза за време на натпреварот.

Тенисот е различен спорт од кој било друг бидејќи нема исти физички барања. Во тенисот мечот може да трае и до пет часа, за време на натпреварите најчесто јадам урми, понекогаш и малку банана, но најмногу урми.

Пијам вода и два различни енергетски пијалоци, и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите, изјави тенисерот.