Прекрасно магаре ужива во скутот на својот сопственик додека тој му пее нежна песна на уво (ВИДЕО)

Животните можат навистина да почувствуваат човечка наклонетост и да и возвратат со безгранична љубов, а токму таков однос има еден фармер со своето необично домашно милениче – малото магаре. Видеото кое беше објавено на TikTok стана инстант хит, а во него можеме да го видиме неодоливото дуо како ужива во блаженството во дворот.




Бидејќи магарето е сè уште мало, лесно може да седне во скутот на својот сопственик и безгрижно да ужива во него, додека тој нежно му ја пее песната „Over The Rainbow“ на увото. Преслаткото магаре целосно се опушти на рамото на фармерот, а камерата сними момент на посебна нежност, кога го сними изразот на лицето на пресреќното животно, кое очигледно е во состојба на нирвана поради песната и вниманието кое му е посветено.




Уживањето се чини дека е взаемно, бидејќи и мажот делува сосема опуштено додека го гали преслаткото животно, а нивниот заеднички ритуал „зад виножитото“ предизвика еден тон позитивни коментари на социјалните мрежи.




„Ова е убаво, сите треба да се однесуваме со сите животни на овој начин“, „Магарето кога ја виде камерата: „Што сакаш? Остави нè на мира, не гледаш ли правиме спомени“, „Најубавото нешто што сум го видел во последно време“, воодушевено напишаа луѓето.