Семејството тајно посвоило едно сираче, а нивната средба била полна со емоции

Ова 11-годишно момче, кое останало сирак, го запознало своето ново семејство и тоа бил момент од нивниот живот. Во текот на летото, семејството Барки посвои момче од Колумбија по име Себастијан. Целото лето го помина со тато Џобен, мама Аманда и нивните деца Ашер, Џуда, Џејмеис и Мишајла.




Себастијан пораснал во сиропиталиште, па за него било неверојатно искуство да патува во Калифорнија. На крајот на летото се прости од семејството што го посвои и се врати во Колумбија. Додека се разделуваа беа полни со солзи, но момчето не знаеше дека семејството Барки крие една голема тајна од него.




Семејството тајно планирало да го посвои Себастијан, но не смееле да му кажат поради колумбискиот закон. Кога ги средиле документите, семејството разговарало со него преку видео и го прашало дали сака да стане постојан член на нивното семејство.




Откако Себастијан ентузијастички прифатил, целото семејство Барки отпатувало во Колумбија за да го прими својот нов член. Ова прекрасно видео го прикажува моментот кога Себастијан повторно се соединува со своето ново семејство и пука од емоции.




11-годишното дете ќе биде со нив засекогаш, не само за празниците. Ова сигурно ќе биде Божиќ за паметење.