Побарал развод од сопругата поради љубовницата – Искрена исповед која ќе ви ги отвори очите

Жената која помина 10 години од својот живот со мене, ми стана странец. Жал ми беше за нејзиното потрошено време и енергија, но не можев да го повлечам она што го кажав бидејќи ја сакав Ивана, ја започнува својата приказна човекот. Кога дојдов дома таа вечер, додека жена ми подготвуваше вечера, ја фатив за рака и и реков: „Морам да ти кажам нешто“. Таа седна и јадеше во тишина. Забележав болка во нејзините очи. Одеднаш не знаев како да ја отворам устата. Но, морав да и дадам до знаење што мислам.




„Сакам развод“, реков мирно. Таа не изгледаше изнервирана од моите зборови, туку тивко ме праша: „Зошто? Го избегнав нејзиното прашање. Тоа ја налути. Таа го фрли приборот за јадење и почна да ми вика „Ти не си човек!“ И така со плачење таа вечер заспа. Не бев сигурен дали постапувам правилно, но само едно знаев ја сакам Ивана. Незнам ни јас како но ете се заљубив, и тоа многу многу.




Другата ден си ги спаковав работите и ја напуштив куќата. Бев среќен што конечно ќе бидам со моојата сакана без никој да ми пречи во тоа. Затоа што до сега внимавав да не ме види некој заради мојата сопруга. Повеќе нема да се кријам си повторував во себе. Но се се смени во рок од пола сат. Мојот сон, мојата љубов, мојата среќа наеднаш заврши. Кога ја отворив вратата од станот каде што требаше да биди мојата нова сакана имаше што да видам.




Мојата Ивана седеше во скутот на еден многу млад дечко. Тие изгледаја многу блиски. Една голема грутка ми застана во грлото. Јас го оставив моето семејство, мојата сопруга што се грижеше секој ден за мене, мојот син што толку многу ме сакаше и ништо не добијав од тоа само многу изгубив. Од првин незнаев што да правам но потоа собрав храброст и се вратив кај мојата жена. Но за жал таа не ме прими. И беше во право.




Затоа мили мој не го напуштајте своето семејство затоа што таму верувајте сте најсигурни, најсакани, најзаштитени. Има лоши периоди во животот кога ќе се каарате со вашите партнерки но се ќе помини и повторно ќе бидите среќни – заврши човекот кој за една обична авантура го изгуби семејството.