Танцот на ова мало детенце после тешката операција на срцето го освои целиот свет

Бебето Мики стана интернет сензација откако беше снимен како го игра танцот Git Up. Но, таа снимка е многу повеќе од тоа. Објавен е неколку месеци откако момчето беше подложено на операција на срцето. На тоа видео тој покажа дека никој не може да му ја украде радоста.

Него го снимила неговата тетка Џолин Тејлор која споделила интересна информација дека малото момче научило да оди само една недела пред да ги покаже своите фантастични танцови движења. Токму затоа стана вистинска сензација.

Од неговата радост додека танцувал, никој не би погодил дека пред неколку месеци бил подложен на многу сериозна операција на срцето.

Неговото семејство вели дека Мики е вистински херој и дека сето тоа одлично го сфатил, а сега може радосно да се радува, да танцува и да ги израдува луѓето ширум светот со својот танц.